На ден 16.10.2019(среда), ученици од нашето училиште учествуваа во училишната програма „Ѕвон“.Целта беше да го промовираме проектот „Природата ,минато,сегашност и иднина на секоја генерација“на ТВ.
Нашите ученици се претставија со пет традиционални игри со музика, од книгата „Играв јас ,сега играј и ти“. Преку песните и игрите им пренесоа порака на сите деца да се вратат на традиционалните игри ,да играат почесто надвор. Да се отргнат од мобилните телефони,затоа што кога се со телефонот играат со невидливи играчи .Треба почесто да се дружат и да играат надвор со своите другарчиња ,затоа што преку таквата игра ќе доживеат реални емоции и ќе си споделуваат интересни моменти и доживувања.Преку играта ќе другаруваат и традицијата ќе ја пренесуваат.