Европската недела на мобилност како и секоја година така и оваа се одбележа од 16 -22 септември. Овогодинешното мото беше „Пешачи со нас“. Целта е да се користат што помалку автомобили и да се поттикнат алтернативните начини на превоз. Еколошката секција од подрачното училиште се вклучи во нејзиното одбележување преку низа активности како на пример пешачење во природа, возење велосипеди, ролери и тротинети во училишниот двор, организиран полигон и запознавање на учениците со правилата за безбедно вклучување на велосипедистите во сообраќајот.
Одговорен наставник – Ана Веновска