Од 16 до 20 септември, во нашето училиште се реализираа активности со цел одбележување на Меѓународниот ден на мирот, 21 септември. Беа спроведени неколку работилници со учениците од осмо и деветто одделение, на кои тие твореа, сликаа, пишуваа пароли за мир. Нивните изработки ги поставија низ училишните ходници. Беа изработени и флаери со пораки за мир кои учениците ги поделија на околното население. Реализираните активности беа дел од активностите кои се спроведуваат за поттикнување на демократската клима во училиштето и реализација на Отворениот ден за граѓанско образование.
Одговорен наставник: Магдалена И. Трајковска