Општински натпревар по математика 2019

 

ООУ„Гоце Делчев“ Аеродром

ИЗВЕШТАЈ

Од одржан општински натпревар по математика

во учебната 2018/19 година

 

На ден 2.3.2019 година се одржа општински натпревар по математика. Натпреварот се одржа во ООУ„Љубен Лапе“, учество земаа ученици од четврто до деветто одделение од сите основни училишта од Општина Аеродром. Од нашето училиште учествуваа вкупно 18 ученици, од четвртто одделение Петар Трпковски и Андреј Карафиловски, под менторство на Сања Атанасовска, Давид Тончев и Магдалена Петрева, под менторство на Блашка Узунска, Марко Ацковски и Ева Ѓуроска под менторство на Сузана Павловска. Од петто одделение

Дарко Китаноски и Андријано Димишковски под менторство на Марина Васевска, Марко Илиевски и Павел Грбевски  под менторство на Габриела С.Ѓошевска, Кристијан Блажевски, Михаела Цветковска и Елеонора Најдоска, под менторство на Марјана Мушевска. Од седмо одделение Димитар Димитров, Бојан Блажевски и Марко Ѓорѓиевски, од осмо одделение Катерина Котеска, под менторство на Ангелина Илиевска.

Од нив следниве ученици освоија награди:  Андреј Карафиловски од IV 1 Прво место, Марко Ацковски од  IV 3 Второ место , Давид Тончев IV 2 Второ место,  Павел Грбевски од V2 доби пофалница , Димитар Димитров VII2 Пофалница, Катерина Котеска VIII 3 Пофалница.

Им благодариме за учеството на сите ученици им честитаме за постигнатите резултати и за освоените награди. Продолжуваме да да постигнуваме успеси и на Регионалниот натпревар!