Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија, на 15 февруари 2019 год., организираше работилница „Детски парламент“, наменета за ученици од IX одд. Од нашето училиште учествуваа учениците Теона Ристеска, Никола Тодоровски, Моника Лазарова и Филип Антовски, придружени од наставникот по граѓанско образование Магдалена И. Трајковска. Целта на одржувањето на оваа едукативна активност беше приближување на работата на Собранието и процесот на донесување закони до младите, што треба да придонесе за развивање на нивната свест за демократија и ќе ги поттикне и подготви за поголема општествена и политичка вклученост. Детскиот парламент беше составен од четири сесии: огранизирана обиколка на зградата на Собранието, средба со пратеници, презентација на креативни паноа со пораки до пратениците и игра на улоги- улога на пратеник. Нашите ученици беа активно вклучени во сите активности и го претставија нашето училиште во одлично светло.