СВЕТСКИ ДЕН НА ЧИСТЕЊЕ ОТПАД

На ден 15.9.2018 во нашето училиште согласно Националната акција за чистење отпад, беше реализирана еколошка акција во која преку низа активности кај учениците се развиваа навики за подигнување на свеста за правилно управување со отпад и зачувување на животната средина. Членовите на еколошката секција, а и останатите ученици го чистеа училишниот двор, цртаа, твореа и читаа за значењето на екологијата. Најмалите ученици правеа цветови од хартија кои симболично ги поставија во училишниот двор, составуваа математички сложувалки на тема чистење на отпад .