На 14.4.2018 на роденденот на општината Аеродром учениците од одделенска настава настапија со ритмичка точка, а учениците од предметна настава настапија со драмска точка. Во весела и опуштена атмосфера со звуците на музиката преку нивната игра и глума тие и го честитаа роденденот на нашата општина.