На ден 10.3.2018 година, во просториите на училиштето ООУ „Лазо Ангеловски“ од Општина Аеродром, се одржа работилница на тема „Поддршка на учениците со посебни образовни потреби“. Работилницата беше од 9:00 до 14:00 часот, а предавачи беа одделенски наставник Кристина Башевска, наставник по англиски јазик Мирослава П. Анеска и наставник по музичко образование Тања Крстевска. Обучувачите, работилницата ја одржаа како резултат на дисеминација на обука Amber Initiatives во Велика Британија од Еразмус+ КА101.
По укажаниот интерес за предложената тема, од нашето училиште за работилницата се пријавија и ја следеа одделенски наставници Тања Јовановска и Весна Василевска.
Работилницата започна со презентација на воспитно-образовниот систем во Велика Британија, во чии цели голем приоритет се ставало на подготовката на учениците за самостоен живот. Следеа дискусии околу поимите предрасуди, стереотипи и дискриминација, инклузијата и потребата од неа, вербалната и невербалната комуникација заедно со нивните карактеристики.
Беа презентирани и некои игри чија главна цел беше подобрување на комуникацијата со овие ученици. По евалуација на работилницата, наставиците добија потврди за завршена обука „Поучување по мерка на мотивирани ученици“ – Инклузивно образование: поддршка на учениците со ПОП.
Оваа работилница е од особено значење за нас наставниците, обработката на овие теми се од посебно значење и нудат помош за справување со овој вид на ученици кои се сѐ почесто вклучени во редовното образование.