За одбележување на Денот на жената 8 Март, членовте на драмската и ликовната секција во Подрачното училиште имаа низа активности низ неколку часови. Создаваа песни, состави монолози, цртежи, украси, честитки. Сето тоа се заокружи со украсување на училишното пано и читање на творбите на разглас . Овие активности се спроведуваат со цел учениците да знаат на кој начин да ја покажат својата љубов и внимание, да изразуваат почит, да се развиваат кај нив пријатни и позитивни чувства за празниците и да стекнат знаења за нивното значење. Љубовта е двигател на општеството а нашата цел како нивни наставници, личности со кои го поминуваат секој свој ден, е да ги воспитуваме и одгледуваме во индивидуи полни со љубов, добрина и хуманост.
Одговорни наставници:
Драмска секција Сузана Павловска
Ликовна секција Лилјана Анчевска