На 4.2.2018 година, македонскиот народ одбележа 146 години од раѓањето на нашата незаборавна легенда, симболот на борбата на македонскиот народ за слобода, Гоце Делчев. По тој повод му оддадовме посебна почит на нашиот патрон, со положување свежо цвеќе пред бистата во нашиот училишен двор и со историски час за неговото дело кое е позитивно историско наследство на македонскиот народ . Претставува чест и гордост што нашето училиште го носи името на овој македонски великан.