На 26.12.2017 год. во просториите на Противпожарниот сојуз на Град Скопје се одржа литературно читање, изложба и свечено доделување на награди, по претходно организиран литературен и ликовен конкурс за учениците од основните училишта на тема за заштита од пожари.
Нашата ученичка Михаела Петреска од VIII-3 одд. под менторство на Маја Наслатковска, наставник по македонски јазик, беше наградена со прва награда за прозната творба „Пожарот – непријател на есенското утро“. Честитки!