Час по македонски јазик во III 1 одделение

На ден 30.10.2017 година во III-1 одделение одделенски наставник Тања Јовановска одржа отворен час по македонски јазик во самостојна работа. На часот беше обработен текст „Благодарна мечка“ преку техниката „Табела за предвидување“. Главната цел на часот беше подобрување на читачките способности кај учениците, усното и писменото изразување и разбирање на прочитаното. На часот владееше опуштена атмосфера, часот се изведуваше со ученици седнати на подот, а гости беа родители и останати вработени од училиштето.