Наставниците од одделенска настава, преку проектот „Со читање до лидерство“, од нашето училиште вклучени се во спроведување акциски истражувања како развојни проблеми со кои најчесто се соочуваат во училницата. За таа цел во учебната 2017/2018 година ќе се реаизираат 4 работилници и еден мрежен настан. На овие средби наставниците соработуваат, се координираат, си разменуваат идеи, подготвуваат прашалници, презентации, анкети, се со цел подобрување на образовниот процес и полесно надминување на проблемите со кои учениците од I до V одделение се соочуваат.