На ден 25.2.2017 година во просториите на Хотел „Порта“ се одржа работилница за развивање на ИКТ компетенции кај наставниците. Работилницата беше одржана од Љубица Ружинска, Валентина Петрова, Милена Игњатова и м-р Милка Тримчевска, колешки од ООУ „Лазо Ангеловски“ од Општина Аеродром. Од нашето училиште претставници на работилницата беа Тања Јовановска, Сузана Павловска и Тања Перчуклиевска.
На работилницата учевме за Google Drive и неговите алатки. Вежбавме за практична примена на Google Doc, Google sheets, Google slides, google Forms и Bolgger. Сите овие алатки наскоро ќе најдат практична примена и во нашето училиште.