На ден 6.05.2017 година во училиштето „Лазо Ангеловски“ општина Аеродром, се одржа работилница на тема „Инклузивно образование: различности во училницата и рано напуштање на образованието“. Работилницата претставува дел од проектот „Создавање на иновативна средина“ во рамките на Еразмус програмата. Истата беше реализирана од страна на наставниците Валентина Петрова, Тања Крстевска, Билјана Колевска, Тања Јосимовска и стручниот соработник Аделина Давидовска. Таргет групата за работилницата беа одделенски и предметни наставници од училиштата од општина Аеродром, меѓу кои и нашето.