Со цел унапредување на инклузијата и нејзино правилно имплементирање во образовниот процес, училишниот дефектолог во нашето училиште на 12, 13 и 14.9. 2017 година , одржа предавања на тема: Што е индивидуален образовен план ИОП? Наставниците од одделенска и предметна настава низ презентациите се стекнаа со знаења за тоа како се изработува Индивидуалниот образовен план, за кои ученици се прави, која е целта и кој учествува во изработката на ИОП.