Посета на Собрание на Република Македонија

Според годишното планирање за V одделение по наставниот предмет општество на 23. 11. 2017 година (четврток) во 13:00 часот беше реализирана планираната посета на Собранието на Република Македонија. Целта на посетата беше запознавање со функциите -пратеник и претседател на Собранието на РМ, запознавање на просториите и секојдневното функционирање на Собранието на Р.Македонија како важна државна институција во нашето општество.
Со просториите и со работа на Собранието на РМ не запозна г-ѓа Соња Стаменковска. Учениците со голем интерес го следеа објаснување и учествуваа во дискусија поврзана со работата и функцијата на сите вработени во Собранието и функцијата на просториите кои ги видовме. Најсилен впечаток оставија – Охридска соба, салата за прес-конференции во која се истакнати портретите на сите досегашни претседатели на Собранието, салата за организирање на важни приеми на гости и прослави, салата за одржување на седници, салата за одржување на помали состаноци, салата за прием на важни гости на претседателот на Собранието и салата со големата купола.

Одд. наставници
Христина Анѓелеска
Весна Василевска
Ана Веновска