На ден 19 и 20 септември 2017 година учениците од нашето училиште извршија посета на кино „Милениум“. Учениците од прво и второ одделение го следеа анимираниот цртан филм „Пим и Пом“, а додека пак учениците од трето до деветто одделение го следеа играниот филм „Малиот ганстер“ од жанр комедија.
Целта на посетата на киното е поврзана со интегрирање на медиумска култура во наставата каде учениците учат да разликуваат видови филмови како и да се запознаат и правилно да се однесуваат во културни институции.