Вчера, 30.9.2017 година, најдобрите ученици од Општина Аеродром, се вратија од еднонеделната посета на Лондон, каде посетуваа настава, поточно во училиштето Ернест Бевин во збратимената Општина Вандсворт.Претставници од нашето училиште беа ученикот Дарко Лазаревски од IX-2 одд,и одговорниот наставник Јасмина Ѓорѓевска која ја придружуваше групата.
Во училиштето во лондонската општина Вандсворт учениците имаа можност да посетуваат настава кај своите врсници и да се запознаат со нивниот воспитно-образовен систем, односно со нивните наставни програми и со начинот на одржување на наставата.
Учениците од Аеродром, покрај настава во Лондон ги посетија и најзначајните знаменитости на британската престолнина.
Оваа иницијатива се смета за важна и претставува илустрација на врските меѓу Македонија и Британија, а таа исто така, е уникатна прилика за најдобрите ученици од Аеродром да посетуваат настава во училиштето Ернест Бевин, дотолку повеќе што овој колеџ има долга традиција на негување на спортот, а таму учел и актуелниот градоначалник на Лондон.