Маврово

На ден 19.5.2017 година, петок, беше спроведена научно – образовна екскурзија во Маврово со учениците од III – 1, III – 2, III – 3 одделение и активот на одделенските наставници од трето одделение: Сашка Миланова, Марина Васевска, Габриела С. Ѓошевска и Марјана Мушевска.
Обуката започна со прошетка во националниот парк во Маврово и теоретско предавање на водич за животните и растенијата во паркот, како и многу ендемични видови на инсекти и растенија кои живеат единствено таму. Учениците беа запознаени со големината на паркот (најголем на Балканот и меѓу првите четири во Европа). Потоа го посетија инфо-центарот на паркот, ски-центарот, езерото Маврово, црквата Свети Никола, изворот на реката Вардар – Вруток.
Учениците ги проширија своите знаења од природните и општествените науки, се запознаа со природните убавини на Западна Македонија, релјефот и климата на Западна Македонија, старите градби и архитектурата, со културата и начинот на живеење на луѓето во одделни краеви. Се социјализираа и стекнуваа искуство да се осамостојуваат и грижат сами за себе, развиваа позитивен однос кон: националностите, културните и естетските вредности.