- Ученикот е должен навреме и редовно да доаѓа на настава;
- Ученикот е должен да се грижи за училишниот простор и имот;
- Ученикот е должен да се грижи за хигиената во училиштето и блиската околина;
- Во училиштето ученикот треба да биде совесен, одговорен, со должно почитување кон сите;
- Во училиштето учениците треба да доаѓаат уредни.
- На часовите ученикот треба внимателно да слуша и навреме и целосно да ги извршува училишните обврски;
- Да се труди да ги извршува училишните обврски;
- Да придонесе за одржување на работната атмосфера;
- Ученикот е должен редовно да носи училиштен прибор, учебници и тетратки;
- Да соработува со наставниците, стручната служба и другите субјекти во училиштето;
- Да покаже почитување и толеранција кон другарите и наставниците;
- Да помага на помалку успешните ученици;
- Ученикот не смее самоволно и без вистинска причина да го напушти часот;
- Учениците да избегнуваат недолично однесување;
- Учениците не смеат да користат мобилни телефони за врема на часовите;
- Учениците не треба да носат вредни предмети и повеќе пари во училиште, а доколку им се загубат одговорноста е нивна;
- На часовите не е дозволено да се џвакаат мастики, како и истите да се лепат на клупите и столчињата;
- Учениците треба да го отпоздрават наставникот кога ќе влезе во училница;
- За време на часот не излегувајте во тоалет;
- Престојувај во училишниот двор за време на големиот одмор;
- Не викај по ходниците, не трчај, придржувај се кон правилата на однесување;
- Не приговарај на опомените на дежурните наставници и ученици;
- Ако во дворот видиш отпад фрли го во корпа за отпадоци;
- Штом го слушнеш ѕвончето веднаш влези во училницата;
- Не ги навредувај и не се однесувај насилно кон помалите и послабите ученици;
- Пристојно и трпеливо чекај пред училница пред започнувањето на часот;
- Ученикот не смее да врши психичко и физичко малтретирање на учениците и вработените во училиштето;
- Кога наставникот зборува не го прекинувај;
- Обраќај им се со ВИЕ на возрасните;
- Користи молам, благодарам, повели, извини во секојдневната комуникација;
- Поздравувај со добро утро, добар ден и до видување;
- Не користи вулгарни зборови кога комуницираш;
- Почитувај ги правилата кои сте ги договориле со наставникот;
- Не носи предмети со кои би можеле да повредите други ученици;
- Покажи толеранција кон соучениците во комуникацијата;
- Искажи го секое незадоволство со одбрани и пристојни зборови;
- Биди самокритичен па потоа критикувај;
- Чувај ги своите предметии не посегнувај по туѓите;
- Не ги потценувај способностите на своите соученици;
- Повозрасните ученици да се однесуваат коректно кон помалите;
- Сослушај го внимателно и почитувај го мислењето на другиот;
- Почитувај ги различните од тебе;
- Истакни ги позитивните особини кај себе со постапки, а не со зборови;
- Ако не се однесусваат добро со тебе, БИДИ ПРВ кој тоа ќе го промени и однесувај се ти на вистински начин – ПРИСТОЈНО;
- Учтивоста е особина која ја краси твојата личност, затоа однесувај се учтиво во секоја прилика;
- Со своето примерно однесување ќе покажи почит и кон своите родители;
- Биди искрен со своите родители, дури и да згрешиш, тие ќе имаат разбирање за твоите постапки;
- Редовно информирај ги родителите за случувањата во училиштето;
- Ученикот задолжително треба на родителот да му ги пренесува информациите по барање на наставникот;