КОДЕКС ЗА ДРУГИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО УЧИЛИШТЕТО

  • Останатите вработени во училиштето треба да ги извршуваат работните задачи што се во нивниот делокруг, а се во согласност со Законот за ОО;
  • Да го почитуваат куќниот ред во училиштето;
  • Техничкиот персонал редовно и навреме да ги чистат училниците, ходниците и другите простории за општествена и педагошка дејност;
  • Техничкиот персонал да соработува со наставниците , стручните соработници и директорот и да се однесуваат во склад со потребите на наставата;
  • Стручните соработници и директорот го почитуваат кодексот за наставниците;
  • Вработениот треба да доаѓа навреме на работното место;
  • Вработениот треба совесно и самостојно да ја извршува својата работа;
  • При работата Вработениот не треба да дискриминира друг вработен или ученик по вера, раса, возраст, пол или економски статус ниту пак да влегува во било каков вид на комфликт;
  • Вработениот треба да го почитува секој ученик и вработен;
  • Вработениот треба да остварува коректна комуникација со останатите вработени без вербални напади или навреди;
  • Вработениот го почитува времетраењето на паузата и не ја користи надвор од предвидениот временски рок;
  • Вработениот треба да се воздржува од непотребно влегување на часовите освен во случаи кога тоа го налага работната обврска предвидена за тој ден;
  • Вработениот треба да остварува коректна комуникација и треба да биде на располагање на родителите и учениците во текот на целото работно време или во термините за прием одредени од самиот вработен;
  • Вработениот со својот лик, однесување, говор и култура треба да биде пример за учениците и вработените во училиштето;