Известување за сите родители кои имаат деца кои треба да се запишат во прво одделение во оваа учебна година во ООУ„Гоце Делчев“ Аеродром

Согласно Законот за основно образование, а со примена на уредбите за постапување во вонредна состојба, Владата на РСМ на седница на 5.5.2020 година ја донесе следнава

ОДЛУКА

За запишување на деца во прво одделение во учебната 2020/21 година

Запишувањето на деца во прво одделение во ООУ„Гоце Делчев“ Аеродром, Скопје, за учебната 2020/21 година, ќе се реализира во месец јуни, а за запишаните ученици училиштето ќе истакне список на огласната табла во училиштето најдоцна до 15.7.2020година.

Подетални информации за начинот на упис и потебните документи ќе бидат споделени во теков на денов.

ООУ„Гоце Делчев“ Аеродром

Директор: Бистрица Станковска