Совети и препораки

ООУ„ Гоце Делчев’’ – Општина Аеродром

Препораки и совети за корисно поминување на времето на учениците во услови на останување во затворен простор и пандемија на корона вирус. (COVID-19)

Почитувани ученици,

Во моментот ситуацијата е таква каква што е .Се соочуваме со пандемија на корона вирусот кои за одредени групи на луѓе може да биде опасен по живот. Самоизолација, карантин за патници, изолација и останување во домот во тек на оваа епидемија,  се мерки кои имаат цел превенција на ширење на заразата и итно мораме да сфатиме дека ова е најдобро за нас. Пред нас престои долг викенд,кој сите ќе го поминеме во затворен простор во кругот на нашите семејства.

Грижата за психичкото здравје е еднакво важно како и грижата за физичкото здравје и за него треба да се води сметка исто како и за превенција од вирусот. Што ни се случува? Поради тоа сме соочени со зголемено чувство на несигурност и страв за иднината. До кога ова ќе трае ? се најчесто поставувани прашања кај сите. Сигурно и Вие си ги поставувате истите прашања, како и тоа  дали после сето ова пак ќе биде исто како порано ,училиштето,другарувањето со децата и др.

Сепак  ново настанатата ситуација може да ја искористиме во наша корист ,да направиме увид во нашите потреби,желби и способности ,што сме пропуштиле со изговор дека немаме време. По завршувањето на училишните обрски може со низа  активности да бидеме од корист на семејството, да поминеме повеќе време заедно со нашите родители,браќа и сестри , се со цел  подобро да се запознаеме.

Следат совети, препораки  на кои треба да обратите повеќе внимание во овој период :

1.Времето поминато дома може да биде забавно со користење на неколку методи  за релаксација со цел подобрување на расположението : Пуштете музика,учете нов странски јазик, започнете да свирите на некој инструмент , вежбајте пилатес, аеробик, почнете со плетење, шиење, цртање,водење дневник, играње на друштвени игри со браќата или сестрите ,родителите на пр: не лути се човече, монопол, играње карти, прелистување на стари албуми, особено акцент на фотографии кои будат позитивни чувства, убаво поминати моменти и сеќавања.Правете планови за иднината ,за вашето идно образование, и заеднички дружења со пријателите.

  1. Одржете ја социјалната комуникација преку интернет мрежа и електронски уреди(facebook ,Viber и др.)Одржувајте ги контактите со роднините и пријателите преку електронските уреди. Во овие критични моменти најбитно е да го одржиме чувството на поврзаност со останатите луѓе, во кој ќе споделуваме за критичните моменти, ќе ги изразиме нашите негативни чувства и емоции на пр: тага и напнатост, осаменост што ќе резултира до нивно намалување или повлекување. Во текот на разговорите треба да се негуваат заедничките теми, посветување на внимание на личноста со која разговараме ,испраќање на позитивни пораки дека како ова што дошло така и ќе си замине.

3.Конзумирање на здрава храна Од имунитетот од голема мера зависи нашето здравје. Јак имунитет се достигнува преку разноврсна и избалансирана  исхрана ,сега немаме никакви изговори здраво да не се храниме. Начинот на исхранување е многу важен, потребни се повеќе оброци во текот денот со помала количина на храна како телото би имало време да ги апсорбира корисните материи и да се ослободи од енергијата која се апсорбира.Во исхраната да се користи многу овошје и зеленчук,варива и црн леб.Бидејки имунитетот зависи од чистиот воздух ,сега често проветрувај ја собата во која престојуваш или излези на кратка прошетка каде што нема никој.

4.Проветрувај често или излези на тераса Свежиот воздух ќе внесе свежина и нов воздух во просторот. Тоа ќе ти влијае на расположението а тоа  ќе направи замена за отсуството на прошетки на отворен простор.

5.Ограничи ги социјалните медиуми и гледањето на вести Постојаното слушање на информации поврзани со вирусот не држи под стрес, а тоа влијае на имунитетот и менталното здравје но сепак биди информиран ,информираноста во овој момент е многу важна.

6.Направи нешто креативно за себе и твоите најблиски што не си можел досега да го направиш со постојан изговор дека немаш време од бројните училишни обврски ,и сега засега нека биде тајна до нашето следно видување .

Дотогаш бидете здрави и чувајте се , а за било каква потреба за разговор или подршка Ве повикуваме и поттикнуваме без колебање да се обратите за поддршка и  совет на е-mail адресата oou.sovetuvanje@gmail.com .

 

Подготвиле :Стручните соработници при ООУ „Гоце Делчев’’ -Општина Аеродром.