Донирани материјали и опрема

Учебнава 2019/2020 год. нашето училиште беше вклучено во активностите за поттикнување на демократската клима во училиштето преку реализирање на отворен ден за Граѓанско образование. Предвидените активности беа успешно реализирани и од страна на Бирото за развој на образованието ни беше дониран пакет од материјали и техничка опрема. Материјалите и опремата кои се состојат од постери за планирање на ученички иницијативи, бележници, преносен компјутер и ЛЦД проектор, претставуваат поддршка од страна на УСАИД за поттикнување на улогата на учениците како активни чинители во училиштето и заедницата. Се надеваме дека донираните материјали ќе го поттикнат нашето училиште, како и до сега , така и од сега, уште поактивно да работи на развој на демократската клима во училиштето.