Детски музички урнебес

На ден 25.2.2020 во нашето училиште се одржа хумористична претстава „Детски музички урнебес“ . На неа преку хумористични скечеви и весели песни до детските срца допре хумористот Војче Китановски. Претставата беше надополнета и од интерактивна куклена изведба каде и самите ученици земаа учество. На радоста и немаше крај, а тоа се гледаше од нивните лица.