Новогодишен базар 2019

На ден 26.12.2019 година во ООУ„Гоце Делчев“ Аеродром, во централното и подрачното училиште, се одржа Новогодишен базар. Посетеноста на базарот беше голема и на задоволство на сите имавме успешна реализација. Базарот беше со продажен и натпреварувачки карактер , а посетителите и вработените во училиштето можеа да си купат рачно изработени украси, плетени изработки, честитки, торти, колачи, погачи. Најубавите новогодишни изработки, торта, погача и рачно изработен украс, беа наградени со дипломи и енциклопедии. Наградите им ги врачи Директорката Бистрица Станковска и ги поздрави присутните со пригоден говор во кој изрази благодарност до родителите, наставниците и учениците за ангажираноста, поддршката и одзивот, и им посака среќни празници.
Собраните средства ќе бидат наменети за потребите на училиштето, а родителите дополнително ќе бидат известени.