Предавање за употреба на пиротехнички средства

На ден 19.12.2019 год.(четврток) од страна на педагогот на училиштето Силвана Матиловска со учениците од IV-IX одд.се реализираше предавање на тема „Превенција при користење на пиротехнички средства – Од забава до трагедија‘‘.
Учениците беа запознаени со опасностите при употребата од пиротехничничките средства и казнените одредби од Законот за Прекршоци против јавниот ред и мир предвидени за јавна употребa на пиротехнички средства од страна на малолетници.