Одбележување на празникот „Св. Климент Охридски“

Во нашето училиште беше одбележан 8 Декември, ден посветен на Св.Климент Охридски, најистакнатиот ученик на браќата Кирил и Методиј, основоположник на првиот универзитет и патрон на македонската црква.
Со цел да се празнува и слави неговиот спомен беа организирани низа активности со учениците од одделенска и од предметна настава. Им беше прочитан реферат за неговиот живот и дело, беше спроведена истражувачка активност со учениците од предметна настава и уредување на училишните паноа. Библиотекарската секција посвети час за неговото значење во просториите на училишната библиотека. Истовремено беа изложени и презентирани книги. Учениците ги проширија своите знаења за активностите на Св.Климент Охридски кој со своето дело на црковно, просветно и книжевно поле станува заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет.