Одбележување на „Светскиот ден на борбата против ловот“

На 3.12.2019 година во ООУ „Гоце Делчев“ Аеродром, со учениците од II и III одделение беше одбележан „Светскиот ден на борбата против ловот“. Целта на  овие активности беше запознавање на учениците со загрозените видови на животни кои секојдневно исчезнуваат.

Преку презентација беа запознаени  учениците со загрозените видови на животни кои живеат во нашето поднебје. Вредните  второодделенци  изработија книги со животните, а третоодделенците ги проверија стекнатите знаења преку  квиз натпревар и ликовно творње.

Целта беше постигната, учнеците ги проширија своите знаења на оваа тема, но исто така беа поттикнати  да размислуваат како и што би направиле  во иднина за овој вид на животни.

Организатори:

Христина Анѓелеска

Маја Вељиќ