Едукација за правила во сообраќајот

На ден 18.10.2019год.во нашето училиште се одржа едукација за правилата во сообраќајот за првачињата од учебната 2019/2010год. Претставници од Републичкиот совет за сообраќај на патиштата во соработка со РСБСП и Триглав осигурување, како наши гости ни донесоа елечиња и боенки за секој ученик, воедно и ги запознаа учениците со правилата во сообраќајот, со цел од најмала возраст да се подигне нивната свест за поголема безбедност во сообраќајот.