Прва награда за прозна творба

 

 

 

На 26.12.2018 година во просториите на Противпожарниот сојуз на Град Скопје се одржа литературно читање, изложба и свечено доделување награди, по претходно организиран литературен и ликовен конкурс за учениците од основните училишта на тема за заштита од пожари.
Нашата ученичка Мила Николовска од IX-3 одд. Под менторство на наставникот по македонски јазик Маја Наслатковска, беше наградена со прва награда за прозната творба „Кога желбата за подарок се претвора во пепел“.