Детска недела и прием на првачињата во Детската организација

По повод Детската недела која традиционално се одбележува во првата седмица од месец октомври во нашето училиште се изведоа низа активности, подготвени од наставниците, а реализирани од учениците. Во текот на целата седмица со учениците се  реализираа низа забавни игри, учеа да праќаат пораки од децата за децата, стекнуваа навики како да си даруваат  меѓу себе. На крај сето тоа беше заокружено со приредба по повод приемот во Детската организација, преку која првачињата ќе научат за своите права, но и обврски. Покрај точките, музичко-ритмички и рецитаторски, приемот топло им ги честита и Директорката на училиштето Бистрица Станковска со пригоден говор за важноста и значењето на овој чин.