Ученичка квизотека

Во организација на Детскиот културен центар „Карпош“, и оваа година беше реализирана „Ученичка квизотека“. Квизотеката опфаќа теми од наставните програми за VII, VIII и IX одделение како и општи, елементарни познавања. Првиот круг на квиз натпреварите се одржаа на 16.11.2017 год., каде учениците од нашето училиште, Дарко Лазаревски, Деспина Блажевска и Анастасија Стојановска под раководство на нивниот ментор Магдалена И. Трајковска, благодарејќи на постигнатиот успех успеаа да се квалификуваат во вториот круг на натпревари. На 6.3.2018 год. се одржа вториот круг од Ученичката квизотека, каде учениците повторно постигнаа успех и си обезбедија место во третиот круг натпревари. Вториот круг предвидуваше и изведба на ритмичка точка. Учениците од VII, VIII и IX одд. со својата хип-хоп изведба, се покажаа доста успешни и на тој план.
Им посакуваме успех и во понатамошниот дел од Квизотеката.