Магионичарска претстава со Кристиан Шопов

Кристиан Шопов, Грин Меџик Продакшн ДООЕЛ- Скопје, во соработка со ПАКОМАК, организираше бесплатна едукативна магионачарска претстава со еколошка тема, со цел учениците да се едуцираат дека со редуцирање, реупотреба и рециклирање на отпадот, може да се обезбеди почиста животна средина.

Кристиан со својот талент, умешност и знаење ги остави децата без здив, измами насмевки и вчудоневидување со своите трикови. На интерактивен, необичен начин низ забава се едуцираа, ги запомнија поимите и со голем интерес го повторуваа наученото. Насмевката на нивното лице траеше во текот на целата претстава која беше подеднакво интересна како за децата така и за возрасните.