Освоено прво место на натпревар по географија

Согласно програмските активности на Македонското географско друштво на ден 10.2.2018 година се одржа општински натпревар по географија за учениците од основните и средните училишта за скопскиот регион во ООУ„ Лазо Трповски“ во Скопје. На натпреварот ученикот Дарко Лазаревски од IX 2 одделение со освоени 98 бодови го освои првото место во општина Аеродром и второто место во скопски регион, под менторство на наставничката по географија Сузана Божинова.