Гостување на Запро Запров

Во ООУ Гоце Делчев – Аеродром, на часот по музичко образование, предводен од наставник Марија Андонова, во шесто одделение, гостуваше истакнатиот диригент Запро Запров. Учениците имаа шанса лично да се запознаат со авторот, со неговиот живот и дело. Тие во форма на интервју поставуваа прашања а исто така дознаа за неколку професионални дејности како сликар, композитор, диригент и професор. На крајот, дел од нив, впечатоците ги заокружија со добивање автограм и фотографирање.