Новогодишен базар

По повод пристигнувањето на Новата 2018 година на ден 27.12.2017год.(среда) во нашето училиште беше организиран традицонален Новогодишен базар, Во централното училиште базарот беше со натпреварувачки и продажен карактер. Беа изложени новогодишни украси, декорации, честитки, торти, колачи, пецива… Комисијата направи избор за најдобра новогодшна изработка и најдобрите беа наградени со дипломи и скромни подароци. Во подрачното училиште беа изложени новогодишни украси , рачни изработки и честитки.