Обука „Информатика и ракување со компјутери“

На ден 15.12.2017 година, во просториите на ООУ „Љубен Лапе“ Аеродром во период од 9:00 до 15:00 часот се одржа обука „Информатика и ракување со компјутери“ за наставниците кои водат III одделение во учебната 2017/2018 година, Тања Јовановска, Тања Стојкоска, Сузана Павловска и Дијана Кузева. Обуката ја водеше доц. др. Емилија Камчева, а истата беше организирана од Македонскиот Развоен Центар за Граѓански организации.

На обуката беа разработени неколку теми поврзани со водењето на наставата по редовниот предмет работа со компјутери и основи на програмирање. Беа презентирани компјутерските хардвер и софтвер, оперативните системи, Microsoft Office пакетот, алгоритми, програмирање, мрежи, интернет, бебедност и вируси.

Обуката заврши со дискусија околу подготовки и содржина на натпреварот за информатика „Дабар“. Истата е од особено значење за наставниците, бидејќи помага во подготовките за реализација на наставниот предмет.